Чулев јавно го повика Спасовски да закаже седница на Влада за пасошите, бара да им се продолжи важноста

Од:

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев јавно го повика техничкиот премиер Оливер Спасовски да закаже седница на Влада на која ќе се бара решение за сериозниот недостиг на пасоши. Чулев уште еднаш нагласи дека проблемот со пасошите го наследил, а бил искреиран за време на министерувањето на Оливер Спасовски поради несоодветни анализи, нестручно и непланско работење.

Министерот Чулев предлага Владата со печат и со праќање нота до сите држави да ја продолжи важноста на пасошите неколку месеци по пристигнување на новата пратка од 100.000 обрасци која се очекува на 24 март.

„Јас сум министер еден месец, сите овие работи ги наследив како резултат на несовесното, нестручното и непланското работење на Оливер Спасовски. За таа цел извршена е интерна истрага и произлезе кривична пријава. Работиме цело Министерство да го надминеме проблемот. Еве и јавно го повикувам техничкиот премиер Оливер Спасовски нека свика седница на Владата да го решиме проблемот со пасошите на начинот на којшто го кажав. Јас како министер за внатрешни работи ќе дадам информација до Влада и предлог како да го надминеме, Владата треба да го усвои. Верувајте јас повеќе од ова не можам. Повеќе од ова формиравме комисија и рестриктивно комисијата решава кој има ургентна медицинска потреба од издавање патна исправа“, рече министерот Чулев.

Тој потсети дека на 15 февруари доставил информација на Влада за состојбата со пасошите и побарал заеднички да најдат модус, но заклучокот од седницата бил проблемот да се реши во рамки на Министерството з авнатрешни работи. Поради ваквиот став на Владата била формирана комисијата во која членуваат деветмина вработени во МВР меѓу кои доктор, економист и правник кои решаваат кому итно да ми се издаде пасош.

Техничкиот премиер, пак, Оливер Спасосвки утрево рече дека би бил среќен ако министерот понуди решение на проблемот и извести дека и Владата работи на изнаоѓање решение. Спасовски ги повика истражните органи да постапат по кривичната пријава за набавката на обрасците и да утврдат дали тој има вина.

Министерот Чулев денес уште еднаш детално објаснуваше за договорот со „Веридос“ кои ги набавуваат обрасците за пасоши кој истекол во 2017 година, а бил склучен во 2007 година . Место да распише нов меѓународен тендер Оливер Спасовски како министер за внатрешни работи двапати склучувал рамкови спогодби и го продолжувал договорот со „Веридос“, а последната нарачка на обрасци за пасоши била направена во ноември минатата година.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски