(ВИДЕО) Николовска: Заев да одговори што разговарал со Катица Јанева на средбата

Од:

„Поради оправдани или неоправдани причини не ни беше дозволено снимање малку погоре, но позади мене се наоѓа Премиерската Вила каде Зоран Заев тајно се среќавал со Катица Јанева откако беше обвинета за Рекет.

Заев не негира дека имало средби токму овде, а она што останува непознато е за што разговарале Катица и Заев.

Отворениот сомнеж кажува дека Зоран Заев е главата на криминалниот октопод и тоа го покажуваат и доказите во случајот „Рекет“ презентирани пред судот“, рече Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавно, во судница, пред очите на целата македонска јавност беа презентирани докази каде што јасно се гледа дека Катица Јанева одела на средба во една од државните вили на Водно, односно во Премиерската Вила, бидејќи претседателот Пендаровски прв демантираше дека се сретнал со Јанева.

Од доказите во судот јасно можеше да се заклучи дека Катица Јанева одела на средба кај Зоран Заев, додека неговиот брат во присуство на адвокат седел со сега осуден за рекет.

Треба јавно да се каже за што разговарале Катица и Заев, кој друг бил присутен на состанокот и што било договорено на истиот?

Ова е прашање кое ги интересира граѓаните. Граѓаните веќе ја знаат инволвираноста на Заев во „Рекет“, а сега треба само да им ги објасни неговите дејствија.

Дополнително, Зоран Заев ја потврди автентичноста на снимката презентирана во Собрание, каде што потврдува дека го помагал Боки 13 и 1ТВ и знаел за криминалните шеми на Бојан Јовановски.

Зоран Заев откако ја потврди снимката поминаа веќе и 24 часа, а обвинителството сеуште го нема повикано Заев на распит, да даде исказ, што значи дека свесно стануваат соучесници.

Ги охрабруваме уште денеска да се престрашат Русковска и Јовевски и да го викнат нивниот шеф, Зоран Заев и да не стануваат соучесници во рекетирањето.

Јавноста заслужува одговори, а Заеви треба да сносат одговорност.

Правдата ќе дојде по 12 април и сите кои се огрешиле пред законот ќе одговараат“, изјави Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски