Македонија била крајната дестинација за кокаинот од 1.3 тони

Од:

Кокаинот од 1.3 тони со потекло од Колумбија за кој вечерва се спроведуваше голема полициска акција во соработка со италијанската полиција, требало да заврши во Македонија, потврдуваат за А1он високи полициски извори.

„Станува збор за контролирана пратка од 1.3 тони кокаин. Акцијата беше изведена заедно со италијанската полиција, а во договор на двете служби беше одлучено најголемиот дел од пратката да заврши во Италија, додека во земјава да биде најден само еден килограм, што впрочем и се случи“, велат истите извори.

Засега, познато е само дека во земјава е најден само еден килограм кокаин, а за остатокот се уште не е познато дали дрогата е запленета во Италија.

Рутата по која се шверцувал кокаинот бил Црна Гора – Албанија, преку граничниот премин Ќафасан. Во Крушопек, кокаинот бил фатен скриен во камион кој увезувал банани.

Високи полициски извори за А1он брифираат дека фирмата која превезувала банани е „Бантекс“, чиј сопственик е извесен Садула Едиби.

Обвинителството за организиран криминал и корупција вели дека акцијата која ја спроведува Министерството за внатрешни работи, а се однесува на заплена на дрога во Крушопек е резултат на соработка со обвинител од Италија.

„По насока на надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК, МВР спроведува акција во околината на Скопје. Акцијата е резултат на повеќедневна соработка и размена на информации со обвинител од Италија од округот Калабрија. За видот и количеството на запленетата дрога, како и за понатамошната постапка обвинителството ќе ја информира јавноста во текот на утрешниот ден“, велат од ОЈО за „А1он“.

 

Би можело да ве интересира

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ