Венгер предложи ново правило при досудување офсајд

Од:

Арсен Венгер, поранешниот тренер на Арсенал и сега шеф на одделот за развој на глобалниот фудбал при ФИФА, предложи промена на правилото за офсајд дефиниција.

– Постои можност да се смени ова правило при што офсајд позиција да не се суди ако делот од телото на играчот со кој може да се постигне гол е во линија со противничкиот играч. Тоа значи дека другите делови од телото на напаѓачот да може да бидат пред линијата на претпоследниот противнички играч. Ова ќе го реши проблемот и нема да има повеќе одлуки за офсајд поради неколку милиметри, изјави Венгер.

Според сегашните правила, офсајд позиција е дефинирана кога некој дел од главата, телото или ногата е поблизу до голот на противникот од претпоследниот играч на ривалската екипа. Рацете на сите играчи, вклучувајќи ги и голманите, не се сметаат при утврдување офсајд позиција.

Потенцијалните промени во правилото ќе бидат разгледани на годишниот состанок на ИФАБ во Белфаст на 29 февруари. За да бидете прифатени, треба да добијат шест од можните осум гласови.

Доколку амандманот помине без потреба од тест период, тој ќе стапи во сила на 1 јуни, што значи дека можеби Евро 2020 ќе се игра според новите правила.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ