Тројца загинати откако со Молотов коктел била запалена зграда во Париз

Од:

Три лица загинаа и 13 се повредени откако во станбена зграда во париското предградие Аубервилерс одекнала експлозија предизвикана најверојатно од Молотов коктел.

Пожарот го зафатил синоќа третиот кат на зградата. Барајќи спас од пожарот луѓето почнале да скокаат од прозорците што за некои било кобно.

Еден човек го загубил животот по повреди добиени во пад од третиот спрат додека другите две жртви се од изгореници или се задушиле од чад. Полицијата се уште соопшти за причините за пожарот.

Според изјави на жители во зградата, пожарот се проширил откако непознато лице фрлило Молотов коктел по тепачка меѓу станарите. Заменикот градоначалник на Париз, Евелин Јонет изјави дека зградата била во лоша состојба и заради тоа пожарот многу брзо го зафатил речиси целиот објект.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Левица: Изгореа над 94 000 хектари шума или 9,5% од вкупната шумска површина – кој ќе понесе одговорност?!

Четворица битолчани заработија кривични за предизвикување на пожари

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Дождот ги изгасна сите пожари на отворено

Пожарот во Мариово е ставен под контрола