Столтенберг му покажа на Спасовски каде ќе стојат македонските обележја во НАТО

Од:
Претседателот на Владата Оливер Спасовски, во рамките на дводевната посета на Брисел се сретна со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој во делот на пречекот на гостите им ги покажа местата каде што се планира да бидат поставени обележјата, знамето и плочката со името на нашата земја, на свечената церемонија за прием во полноправно членство во алијансата.
Премиерот Спасовски на средбата на која присуствуваше и заменик претседателот во Владата Бујар Османи, се заблагодари за средбата и за поддршката што ја даваа НАТО и нејзините земји членки во периодот на пристапувањето на земјава во членство во северно-атлантскиот сојуз.
Спасовски на средбата потенцираше дека земјата е во постојано имплементирање на реформите и дека во таа насока е и усвојувањето на Законот за јавно обвинителство во Собранието, со што се создадени сите предуслови за борба против организираниот криминал и високата корупција, како стратешка определба за владеење на правото.
Спасовски рече дека граѓаните наскоро ќе дочекаат и добра вест од институциите на ЕУ за почеток на преговорите за членство во унијата.
Генералниот секретар Јен Столтенберг од своја страна ја честиташе ратификацијата на Северноатлантскиот договор во Собранието и нагласи дека во НАТО се подготвуваат за церемонијата за прием на земјата во алијансата со што ќе се заокружи процесот како резултат на исполнетите критериуми и стандарди на Македонија за членка на Северноатлантскиот сојуз кои понатаму само ќе се унапредуваат.

Би можело да ве интересира

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

„Продолжете да сонувате“: Шефот на НАТО вели дека Европа не може да се одбрани без помош од САД, особено од нуклеарен напад

Предраг Петровиќ

Фредериксен: НАТО нема мандат да преговара во име на Данска и Гренланд и за нашите односи

Горан Наумовски

Руте: Договорот со Трамп значи зајакнување на безбедноста на НАТО на Арктикот

Сојузниците на НАТО ги затвораат разузнавачките „канали“ за САД