Средба на претседателот Пендаровски со делегација на вооружените сили Италија

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска прими делегација на вооружените сили на Република Италија, предводена од генерал Енцо Вечиарели, началник на Генералштабот.

Претседателот Пендаровски, стои во соопштението од неговиот кабинет, истакнал дека ја цени досегашната соработка помеѓу македонската и армијата на Италија.

На средбата Пендаровски посочил дека очекува соработката на одбранбен план меѓу двете држави уште повеќе да се интензивира со полноправното членство на Северна Македонија во НАТО Алијансата.

Шефот на државата Пендаровски подвлекол дека за припадниците на македонската армија од особена важност е да продолжи нивната доедукација и посетување тренинзи за усовршување на техниките во рамки на образовните институции во Италија.

– Посочувајќи дека и нашата земја и Армијата можат да понудат соодветни можности за италијанските војници, претседателот Пендаровски искажа верување дека соработката помеѓу двете Армии ќе биде подеднакво успешна, како што тоа е случај со соработката на Северна Македонија и Италија на политичко и на економско ниво, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски