Жбогар: Усвоените реформски закони ја потврдуваат заложбата на земјата за интеграција во ЕУ

Од:

Го поздравувам усвојувањето на повеќе реформски закони, вклучително и Законот за јавно обвинителство. Нивната имплементација треба да го зајакне владеењето на правото и ќе овозможат подобра професионализација и ефикасност на судството за добробит на граѓаните на Северна Македонија, објави денеска евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар во пишана изјава.

Евроамбасадорот, во пишаната изјава, наведува дека поздравува фактот што Собранието пред да се распушти поради закажаните избори на 12 април, ги донесе и Законот за Советот за јавни обвинители и Законот за управување со движењњето на предметите во судовите.

Овие закони, заедно со Законот за лицата без регулиран граѓански статус, и Изборниот законик, кореспондираат со препораките на Извештајот на ЕУ за земјава и ја потврдуваат заложбата на Северна Македонија да продолжи по патот на интеграцијата во Европската Унија, наведува Жбогар.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он