И директорот на централната болница во Вухан почиба од Ковид-19

Од:

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Кина се зголеми на 1.873, а денеска почина и директорот на централната болница во Вухан, неврохирургот Лиу Жиминг.

Лиу Жиминг (51), директор на болницата Вучанг, починал утрово и е прв директор на болница кој починал од Ковид-19.

Бројот на починати вон Кина е пет, а заразени се околу 73.000 луѓе низ целиот свет.

На крузерот „Дајмонд Принцес“, закотвен во јапонското пристаниште Јокохама, денеска се регистирани нови 88 заразени, со што вкупниот број на потврдени случаи на крузерот достигна 542 инфекции.

Претходно од Ковид-19 почина и Ли Венлианг, кинескиот лекар кој прв предупреди на опасноста од новиот коронавирус.

„Гардијан“ денеска пишува дека минатата недела во четвртокот починал и поранешниот директор на болницата во градот Ежоу, во провинцијата Хубеи. Неговата смрт ја потврдила медицинска сестра која работи во болницата.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон планирал напад на холандската фабрика за вакцини против корона

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска