Британските весници Гардијан и Телеграф пишуваат дека Словенија не е позната по ништо, дека во нејзината кујна е присутно влијанието на соседите и дека и се заканува банкрот.
-Словенија не е позната по ништо, можеби само по поразот на фудбалерите против Англија, пишува Гардијан, а во продолжението стои дека Словенија е пред банкрот.
-Со ориз од Италија, гулаш од Унгарија и пита со јаболки од Австрија, кујната на Словенија е под влијание на соседите-тврди весникот.
Британските медиуми пишуваат дека Словенија некогаш беше влијателна република во Југославија, но дека сега со падот на БДП и долгот на банките од 7 милјарди евра е уништена.
Според нив загрижувачки е тоа што премиерката на Словенија, Аленка Братушек изјави дека државата нема потреба од меѓународна помош. За Телеграф состојбата е слична како во Кипар.
-Државата ја изгуби конкурентноста со воведување на еврото-тврди Телеграф.
Елена Георгиевска