Делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Италија, предводена од началникот на ГШ на ВС, генерал Енцо Вичијарели, престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија.
Генерал Вичијарели денеска во Министерството за одбрана и Генералштабот ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Главни теми на средбата ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, трансформација на Армијата на Република Северна Македонија и искуствата од учеството во меѓународните мисии.
По активностите во Генералштабот, генералот Вичијарели ќе оствари средба со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.