Србија: Оваа зима во државата има најголем број мигранти од 2016 година

Од:

Од затворањето на „балканската рута“ во март 2016 година, бројот на мигранти во Србија никогаш не бил поголем од оваа зима, при што Комесаријатот за бегалци проценува дека има околу 6.500 од нив, објави весникот Политика.

УНХЦР има приближно ист број (6.600), додека во центарот за помош на барателите на азил велат дека има најмалку 7.000.

Повеќето од нив се од Авганистан и Пакистан, потоа Иран и Ирак, држави од северна Африка …, објави весникот.

Како што прецизира Светлана Палиќ од Комесаријатот за бегалци и миграција, заклучно со март 2016 година, во српските прифатни центри имало помеѓу 2.500 и 3.500 мигранти, а сега има околу 5.500. Според неа, вкупниот капацитет на 17 центри е околу 6.000 места.

Проблемот е во тоа што мигрантите, наводно, избегнуваат сместување во центрите во Прешево, Бела Паланка или Пирот бидејќи сакаат да бидат поблиску до границите на ЕУ преку кои очајно бараат премин, наведува таа.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија