Заокружена саботната програма во Премиер лигата

Од:

Со натпреварот Евертон – Стоук кој заврши со минимална победа на Евертон од 1:0 вечерва се комплетира саботната понудата од осум натпревари од 30.коло во Премиер лигата.

Изненадувањето на колото го направи Саутемптон кој го победи Челзи со 2:1.

На останатите средби екипите од водечката петорка немаа проблеми.

Лидерот Манчестер Јунајтед со 1:0 славеше на гостувањето кај Сандерленд, шампионот Манчестер Сити на свој терен беше убедлив и со 4:0 го порази Њукасл, а победа од 4:1 оствари и Арсенал пред својата публика во дуелот со Рединг.

Тотенхем до нови три бода стигна со тиумфот од 2:1 на гости кај Свонси.

На двата преостанати натпревара победи пред својата публика забележаа Виган во дуелот со Норвич со 1:0 и Вест Хем кој со 3:1 го победи Вест Бромвич Албион.

Утре, Астон Вила го пречекува Ливерпул, а в понеделник Фулам и Квинс Парк Ренџерс ќе го комплетираат колото.

Табела: Манчестер Јунајтед 77 бодови, Манчестер Сити 62, Тотенхем 57 (еден натпревар повеќе), Челзи 55, Арсенал 53,…

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска