Џафери го потпиша решението за распишување на изборите

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва го потпишал решението за распишување на изборите, кои беа договорени да се одржат на 12 април годинава.

Во пресрет на предвремените парламентарни избори Собранието на Република Северна Македонија попладнево се распушти, а потоа Џафери почитувајќи ги роковите за одржување на изборите на 12 април го потпишал решението.

Државната изборна комисија го очекува официјалниот документ од претседателот на Собранието Талат Џафери, по што во 20 часот и 30 минути ќе одржи седница со повеќе точки на дневниот ред поврзани главно со предвремените парламентарни избори на 12 април.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година