Пендаровски ги потпиша Указите за прогласување на Законите за ЈО и Совет на јавни обвинители

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, денеска попладне, како што стои во соопштението, ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои се усвоени од Собранието на Република Северна Македонија:

Закон за неевидентирани лица во матична книга на родени;

Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик;

Закон за Јавното обвинителство;

Закон за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители;

Закон за изменување и дополнување на Законот за одбрана;

Закон за изменување и дополнување на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците;

Закон за изменување на Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги;

Закон за заштита на личните податоци;

Закон за изменување и дополнување на Законот за урбано зеленило;

Закон за управување со движењето на предметите во судовите.

Во однос на барањето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Пендаровски да не го потпишува Законот за Јавно обвинителство, претседателот укажува дека согласно член 75 од Уставот „Претседателот е должен да го потпише указот, доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“, а Законот за јавното обвинителство спаѓа во тие закони, стои во соопштенито.

Претседателот Пендаровски, исто така, укажува дека за евентуалните приговори во однос на уставноста на некој закон, секој граѓанин може да поднесе иницијатива до Уставниот суд на Република Северна Македонија како надлежен државен орган.Собранието се распушти, изборите на 12 април

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Мицкоски е политички наследник на Ванчо Михајлов

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Катерина Ѓуровски

Претседателската дебата на МТВ ги скара кандидатите на социјалните мрежи

А1он

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

Пендаровски со честитка по повод 1 мај: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава

А1он

Пендаровски: Нам не ни треба враќање назад во историјата, нам ни требаат можности за младите да останат дома

Предраг Петровиќ