Митрески: Пратениците на СДСМ донесоа храбри, историски одлуки во интерес на државата

Од:

“На 12 април оваа година не очекуваат предвремени парламентарни избори. Граѓаните повторно ќе имаат можност да одлучат кому ќе му ја дадат довербата за наредниот мандат.

Граѓаните ќе се соочат со избор меѓу две дијаметрално спротивни политики. Едната е политиката што ја реализира СДСМ, а тоа е политиката на просперитет, политиката во која главната грижа е граѓанинот, неговата благосостојба, како и напредокот на државата” истакна координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

СДСМ во изминатиов период откако ја предводи Владата покажа дека интересите и потребите на граѓаните се единствена цел за која се залагаме и за која работиме.

Политиките што ги реализираа СДСМ и коалицијата позитивно влијаеа и го допреа буквално секој граѓанин на нашата држава.

“Ја вративме евтината тарифа на струјата, ја укинавме радиодифузната такса, гонамаливме ДДВ-то за парното, ги намаливме казните, гинамаливме трошоците за Катастар, нотари изрвшители и адвокати.

Минималната плата ја зголемивме два пати, прво на 12 илјади денари, а потоа на 14.500 денари. Тоа значи дека кај секој работник годишно ќе завршат дополнителни 66.000 денари.

Просечната плата СДСМ за две години ја покачи за над 2.200 денари.

За две и пол години платите во основното и во средното образование ги покачивме за 2.100 денари”, рече Митрески.

“За жал ВМРО-ДПМНЕ и Влатко Ѓорчев го блокираа порастот на платите и во високото образование. Но, тоа е реалноста, тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

Просечната плата во здравството ја зголемивме за 4.700 денари, во одбраната меѓу 3.000 и 4.000 денари.

Огромен пораст на платите има кај социјалните работници, во просек од 6.700 денари во однос на 2015 година, додека воспитувачките во градинките сега земаат плата за повисока за близу 5.000 денари”, додаде Митрески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата

(ВИДЕО) Кузеска од СДСМ: Имавме фер и демократски избори, граѓаните покажаа зрелост

Орце Костов

Митрески: Да се обединиме против режимската ВМРО-ДПМНЕ, да гласаме за број 1 за концептот за европска иднина на државата

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата