Тензично во Собранието, изгласан законот за ЈО, ВМРО-ДПМНЕ не признава

Од:

Со 80 гласови „за“ и 6 „против“ е донесен Законот за јавно обвинителство, по повтореното гласање на пленарната седница во Собранието. Вкупно присутни во салата беа 116 присутни. Претходното гласање беше поништено, поради, како што кажа претседателот на Собранието, Талат Џафери, технички проблеми, односно системот немал евидентирано гласови на одредени пратеници.

Пратениците од власта со аплауз го поздравија изгласениот Закон за јавно обвинителство, а пак од ВМРО-ДПМНЕ реагираа зошто повторно се гласало за законот и викаа „Законот не е донесен“.

Од собраниската говорница, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски викаше „Криминалци, криминалци“, алудирајќи дека второто гласање не е валидно.

„Криминалци, само тоа можам да го кажам. Бараме процедурално, криминалци, нема што да внимавам. На првото гласање повикавте да се гласа, од 113 пратеници, 74 гласаа „за“, а 32 „против“, што согласно закон ова не беше донесено. Немате право да повикате и на поединечно гласање и затоа барам да констатирате дека не беше успешно гласањето и дека законското решение не е донесено. Се тоа тоа натаму е крешење на Деловник, кршење на Устав, вие дури се дрзнавте да кажете дека гласањето е успешно“, реагираше пратеникот Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Констатиравме дека законот е донесен, рече Џафери, по што даде еден час пауза.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

Вечерва продолжува собраниската расправа за именување на Славески за гувернер на Народна банка

Парламентот го донесе Законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство

Парламентарното мнозинство можно е да се зголеми и да биде над 70 пратеници, вели Гаши

Валбона Адили Емини од ВРЕДИ нова пратеничка во Собранието по оставката на Салим Сулејмани

Договорот со Велика Британија пред пратениците

Катерина Ѓуровски