Димитров: ЕУ мора да го признае напредокот на Северна Македонија

Од:

Ако сака да биде позитивна сила, да поттикнува политика на компромис, да стимулира прореформски влади, ЕУ мора да го признае напредокот на Северна Македонија.

Има една формула за успех: потребна ни е добра методологија, чесен пристап кон имплементирање на истата и политичка волја од двете страни.

Влогот е огромен, порача министерот Никола Димитров на тркалезната маса „Координирање, соработка, консолидирање?

Придвижување на З. Балкан напред“, во рамките на 56-та Минхенска безбедносна конференција.

На маргините на конференцијата министерот Димитров и денеска оствари повеќе билатерални средби и тоа со Жан Аселборн, МНР на Луксембург, Дејвид Харис, Извршен директор на Американско-еврејскиот комитет, Ричард Мур, Генерален директор за политички прашања во британскиот Форин Офис.

Главниот акцент на разговорите, како што соопшти МНР, беше ставен повторно на најактуелното прашање за ЕУ-перспективата на нашата земја, во пресрет на клучните моменти за добивање позитивна одлука за отпочнување пристапни преговори.

Министерот Димитров учествуваше и на работната вечера организирана од претседателот на Светскиот економски форум Борге Бренде и извршниот директор на Google Jigsaw Џеред Коен, на која почесен гостин беше американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството