Николовски: Постои реална можност за ново парламентарно мнозинство, нова влада и редовни избори

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски пред почнување на вечерашната седница на Фејсбук напиша дека доколку продолжат опструкциите во Собранието, можно е власта да формира нова влада, а на иѕбори да се оди во редовниот термин.

“Доколку во Собранието се продолжи со тактизирање и ако на кој било начин се оневозможи гласање на важните закони, а особено Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик, Законот за одбрана, разрешувањето на Мизрахи…, во тој случај постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори,објави на својот “Фејсбук” профил Николовски.

“Северна Македонија нема да биде заложник на партиски и криминални интереси, правната држава и европската иднина се приоритет на граѓаните и за тоа ќе се бориме до последниот атом”, напиша Николовски.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат