Основци од Скопје беа кај претседателот Пендаровски

Од:

Ученици од скопските основни училишта „Коле Неделковски“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ денеска беа примени и имаа можност да разговараат со претседателот на државата Стево Пендаровски во “Вила Водно”, во рамки на активноста Отворен Кабинет.

Учениците имаа можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот Стево Пендаровски, да се информираат за неговата работа и надлежности, а ги посетија и просториите во коишто се реализираат официјалните средби, како салите во коишто се организираат свечености, настани и прес-конференции.

Посетителите се запознаа и со дел од вработените во Кабинетот од кои беа информирани за историјатот на објектот во кој е сместен Кабинетот на Претседателот, како и за начинот на функционирање на оваа институција, соопшти Кабинетот на Претседателот.

Отворен Кабинет е активност што овозможува директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски.

Сите заинтересирани граѓани, институции и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет-страница на Претседателот http://pretsedatel.mk/otvoren-kabinet/ имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер што ќе бидат реализирани во Кабинетот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски