А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Џолев одлучи Туфегџиќ да не им суди на организаторите на 27 април бидејќи ќерка му дала исказ како оштетена

by Кристијан Ландов13/02/2020 - 13:2413/02/2020 - 15:39627
Share0

Судијата Владимир Туфегџиќ е изземен од судечкиот совет за случајот против организаторите на 27 април, чие прво судење треба да биде идната недела. Ова го соопшти претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, на денешниот брифинг со новинарите. На негово место е судијката Дијана Груевска Илиевска.

Следете a1on на Instagram Instagram

Причината за изземање на судијата е Туфегџиќ е бидејќи неговата ќерка, пратеничката Ивана Туфегџиќ е дел од настаните на 27 април, односно оштетена странка.

Обвинителството за организиран криминал и корупција ги гони ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски, како и бегалците Никола Бошковски и Никола Груевски, а првото рочиште е закажано на 21 февруари.

Предметот според АКМИС системот ќе го суди Илија Трпков. Застапник на обвинението е обвинителката Вилма Русковска.

Следете a1on на Youtube YouTube

Бегалецот Никола Бошковски на 27 април со возило „голф“, кое било сопственост на УБК, во непосредна близина на Градската болница донел автоматско оружје, пиштоли и панцирни елеци, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски го мобилизирале и координирале членството на ВМРО-ДПМНЕ, а експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, спречувал да се избере нов претседател на Собранието од новото парламентарно мнозинство. Ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски, бил задолжен да ги мобилизира членовите на патриотските здруженија, но и за издавање наредба да се извадат хард дисковите од Собранието, каде што биле складирани снимки од насилниот упад. Ова е само дел од обвинението што Обвинителството за организиран криминал го поднесе до Кривичниот суд, а со кое обвинети се Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски дека плански и со насилство сакале да спречат примопредавање на власта.

Обвинителниот акт се темели на наредби за претрес во домови на обвинетите, одземени предмети, вештачење на мобилните телефони, фотографии и видеа, листинзи од мобилните оператори, кои покажуваат со кого разговарале обвинетите пред и за време на крвавите инциденти во Собранието и други докази.

27 april

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Горан Наумовски27/04/2026 - 13:11

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

Горан Наумовски27/04/2026 - 12:29

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Горан Наумовски27/04/2026 - 11:06

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 18:16

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 10:5901/11/2025 - 11:00

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски07/02/2025 - 09:1107/02/2025 - 10:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто