Најпознатата велоспедска трка во светот која се вози низ Франција стартува денеска што е 99. издание на ова престижно натпреварување.
Белгискиот град Лиеж е почетната станица на која денска на програмата е хронометарот.
За три недели велосипедистите ќе минат 3500 километри и се очекува предност пред завршната трка да обезбедат специјалистите за хронометар.
Титулата од лани ја брани Кадел Еванс од Австралија, поради совпаѓањето со ЛОИ во Лондон многу велосипедисти го откажаа учеството но конкуренцијата и натаму е екстремно силна.
Во секој случај годинешново издание на Тур де Франс ќе биде највозбудливо во последните десетина години. Иако Еванс и Вигинс се јасни фаворити, изненадувањата не се исклучени, нека победи најдобриот.