Ден на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ќе се одржи денеска во кино „Милениум“, каде што ќе бидат доделени дипломи и награди за најдобрите студенти.
ФИНКИ е резултат на здружувањето на Институтот за информатика при Природно-математичкиот факултет и Институтот за компјутерска техника и информатика при Факултетот за електротехника и информациски технологии во 2011 година.
Во учебната 2012/2013 факултетот распиша конкурс со места за 1.020 студенти. Тие имаат можност за студии за компјутерски науки и инженерство, за мрежни технологии, примена на е-технологии, за компјутерска едукација…
Според најавата на ФИНКИ, на свеченоста ќе се обратат претставници на министерствата за образование и наука и за информатичко општество и администрација, и на Скопскиот универзитет.