Месечната претплата за Радио Телевизија Србија (РТС) ќе се укине, а јавниот сервис во следните три години ќе премине на финансирање од државниот буџет, пренесува српскиот дневен весник „Данас“.
Според весникот, потпретседателот на Владата, Александар Вучиќ одлучил јавниот сервис во следните три години да биде финансиран од државата, откако неодамна го отфрлил предлогот претплатата да се наплаќа преку данокот на имот и со тоа да им се наметнуваат дополнителни давачки на граѓаните.