“Рома” се откажа од намерата за откуп на договорот на Хенрик Мкитарјан од “Арсенал” и, според италијанските и англиските медиуми, Ерменецот на лето се враќа во Лондон.
Ерменскиот репрезентативец минатото лето пристигна на „Олимпико“ како позајмен фудбалер од Арсенал.
Римјаните притоа се стекнаа со право да го откупат за 25 милиони евра, но таквата можност, сепак, се исклучува, бидејќи сметаат дека сумата е превисока за 31-годишниот играч.
Мкитарјан е под договор со “Арсенал” до летото во 2021 година и ќе има нова можност за докажување во дресот на „топчиите“, овојпат под водство на Микел Артета.
Поранешниот фудбалер на “Манчестер јунајтед” и на “Борусија Дортмунд” има 15 настапи за “Рома” во оваа сезона во која постигна четири голови и забележа една асистенција.