СДСМ: Kршењето на Уставот за Мицкоски е политички маневар

Од:

„За Христијан Мицкоски, свесното и намерно кршење на Уставот од страна на неговата послушничка Рашела Мизрахи е политички маневар, а не она што навистина е, загорување на Договорот од Преспа и загрузување на евроинтеграцискиот процес.

Со ваквите ставови Христијан Мицкоски признава дека неговата и намерата на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада е единствено да работи против интересите на граѓаните и државата“, соопшти СДСМ.

Според партијата, Мицкоски е нервозен, затоа што е свесен дека не успеа да ги исполни задачите од Будимпешта и неговиот ментор Груевски.

„Извршителот Мицкоски не успеа да го спречи процесот на интегрирање во НАТО и ЕУ, не успеа да го одбрани криминалот на неговиот шеф Груевски, не успеа да ја врати државата во времињата на поделби и изолација.

Мизрахи мора да биде разрешена затоа што свесно го прекршува Договорот од Преспа и ги загрозува односите со соседите.Мизрахи се дрзна да злоупотреби државна институција во партиски цели, се дрзна да го прекрши Уставот само за да ги исполни нарачките на Мицкоски и Груевски и затоа мора да биде разрешена.

Понудата на Мицкоски е сведена на блокади, деструкции и обиди за обнова на режимот, што најдобро се гледа преку однесувањето на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада.

Затоа на 12 април тој и ВМРО-ДПМНЕ може да очекуваат нов убедлив пораз од граѓаните. На претстојните избори граѓаните уште еднаш ќе ги поразат погубните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ раководено од Будимпешта“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on