(ВИДЕО) Османи: Во Париз утре очекуваме потврда за поддршката на Франција за европската интеграција на нашата земја

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи пред утрешното заминување во работна посета на Франција се обрати со видео порака на француски јазик, во кое вели дека тоа треба да стигне до сите граѓани на Франција и сите Французи, насекаде низ светот.

Тој во видеото додава дека заминуваат на историска посета на Париз, во пресрет на европските пролетни самити, кога Република Северна Македонија, очекува одлука за започнување на преговорите со Европската Унија.

Османи најавува дека во Париз ќе оствари средби со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи, задолжена за европски прашања, како и со Клеман Бон, дипломатски советник за Европа на претседателот Емануел Макрон, каде што ќе ги претстави резултатите и подготвеноста на нашата земја за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

По октомврискиот неуспех, се појави и лажен впечаток дека постојат разлики во нашите заеднички интереси, во нашата заедничка цел да обезбедиме посилна, постабилна и пообединета Европа.

“Денеска, кога пред нас ја имаме новата методологија за преговори, се отстранува и последната пречка за остварување на нашите заеднички цели”, посочува Османи во видео пораката.

Тој вели дека утре во Париз очекува да се потврди поддршката на Франција за европската интеграција на Република Северна Македонија, со што ќе се отвори патот за почеток на преговорите со Унијата на идните самити.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: ЕУ би можела да добие нова членка во 2027 година

ЕУ го усвои 20-тиот пакет санкции против Русија, насочени кон енергетиката, финансиите и трговијата

ЕУ одобри заем за Украина и нови санкции кон Русија, Унгарија го повлече ветото

Горан Наумовски

По Орбан остана Фицо: Словачка најави блокада на санкциите против Русија додека не се поправи Дружба

Предупредување од ЕУ: Можен е недостиг на гориво

„Волстрит џурнал“: Европа подготвува „европско НАТО“ во случај САД да си замине