Зошто ЕУ става акцент на алтернативните видови на горива

Од:

Според Европската комисија, алтернативните видови горива се горива, или извори на енергија кои можат да послужат, барем како делумна замена на фосилните горива кои се користат за транспорт. Тие имаат потенцијал да придонесат за декарбонизација и забрзување на прилагодувањето кон исполнување на стандардите за заштита на животната средина во транспортниот сектор.

Во алтернативни горива влегуваат струјата, хидрогенот, био-горивата, синтетички и парафински горива, природен гас (вклучително и биометан), компресиран природен гас – ЦНГ, течен природен гас (ЛНГ) и течен нафтен гас (ЛПГ). Важно е да се нагласи дека во некои случаи ЦНГ, ЛНГ и ЛПГ може да бидат од 100 проценти фосилно потекло.

Европскиот транспорт е високо зависен од фосилни горива кои во најголем дела се увезуваат, што гледано од тој аспект го прави овој сектор многу зависен и истовремено го отежнува балансот во трговската размена. Една од главните цели на ЕУ е диверзификација на транспортот во однос на изворите на енергија.

Стратегијата нa ЕК „Транспорт 2050“ има за цел да ја намали нафтената зависност на секторот транспорт во ЕУ и истовремено има за цел намалување на емисијата на стакленички гасови за 60 проценти до 2050 година. За остварување на овие цели ЕК поставува разни мерки и цели во повеќе различни сектори на транспортот, вклучително слободни градски зони од CО2 во поголемите градови до 2030 година, намалување за половина на употребата на конвенционални автомобили во урбаниот транспорт до 2030 година и постепено нивно исфрлување или намалување од градовите до 2050 година. Овие цели не може да бидат постигнати со конвенционалните горива и затоа е потребно да се зголеми користењето на алтернативните горива.

Алтернативните горива, според извештајот на ЕК, можат значително да помогнат во справувањето со проблемот на аерозагадувањето во градовите, кое во голем процент е предизвикано од транспортот. Енергетски ефикасен и ефективен транспорт може значително да помогне во намалување на емисијата на стакленички гасови од возилата. Сепак, важно е да се напомене дека ЕК не гледа на алтернативните горива како замена за фосилните горива, туку само како еден сегмент за побрза декарбонизација и намалување на емисијата на CO2 од транспортот.

МАКПЕТРОЛ ИНФО ПОИНТ

Би можело да ве интересира

Поскапуваат горивата

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Поскапуваат дизелот и екстра лесното масло

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина