Пендаровски – Жидан: Словенија докажан поддржувач на Северна Македонија во секој аспект

Од:

Република Словенија е докажан пријател и поддржувач на Северна Македонија во секој аспект, особено во евроинтеграциските процеси, што беше потврдено и со брзата ратификација на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО во Државниот збор, порача претседателот Стево Пендаровски на денешната средба во Скопје со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Дејан Жидан.

На средбата, информираат од Кабинетот на Претседателот, беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, а Пендаровски истакна дека членството на земјава во НАТО позитивно ќе влијае на стабилноста и просперитетот на целиот регион.

Во контекст на аспирациите за членство во Европската Унија, а во очекување на усвојување на новата методологија за водење на пристапните преговори, претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето за одредување на датум за пристапни преговори за време на хрватското претседателство со Унијата.

На средбата беше разговарано за можностите за унапредување на односите меѓу двете држави, вклучително и на парламентарно ниво.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски