Кривични пријави и притвор за крадец од Охрид и негов помошник

Од:

Кривична пријава и седумневен притвор заработи 35-годишниот С.Ѓ. од Охрид, осомничен сторител на две кривични дела „тешка кражба“.

Според полицијата, осомничениот во периодот ноември-декември минатата година населно влегувал во неколку викендички во туристичките населби Лагадин и Елешец, при што одземал алати за работа, телевизори, уметнички слики и други вредни предмети.

Украдената стока ја преземало лицето К.А. (38) исто така од Охрид, криејќи ги предметите во неговиот дом. Против второто лице поднесени се кривични пријави за сторени кривични дела „прикривање“ и „помагање“.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство