СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го блокираат покачувањето на платите во високото образование за 10 отсто

Од:

„Извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски преку неговите пратеници и Влатко Ѓорчев упорно продолжува да работи директно на штета на граѓаните на Република Северна Македонија.

Ѓорчев како претседател на Комисијата за труд и социјална политика ја злоупотребува функцијата и ја блокира расправата за Предлог-законот за измена на Законот за исплата на платите.

Со овој Предлог-закон се овозможува и вработените во високото образование, односно вработените во државните универзитети да го добијат покачувањето до 10 проценти, исто како и нивните колеги од основното и средното образование“, велат од СДСМ.

„Мицковски и Ѓорчев на директен начин попречуваат илјадници професори и вработени во високото образование да добијат покачување на платите од 10 проценти, кое им следува од 1 јануари оваа година.

Доколку Предлог – законот не биде изгласан до распуштањето на Собранието, поради блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, вработените во високото образование со месеци нема да можат да го добијат покачувањето на платите што им следува.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да се покачат платите во високото образование, не сакаат граѓаните да имаат повеќе пари, тие се научени парите да завршуваат само во белиот дворец.

Граѓаните го гледаат и ценат ваквиот нечесен однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и затоа на 12 април ќе ги казнат штетните и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ, која работи само за заштита на личните и теснопартиските интереси.

На 12 април, граѓаните ќе потврдат дека политиките на СДСМ што значат раст на платите и повеќе пари во семејствата е правиот, вистински пат“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски