Националната комисија за УНЕСКО за 10 дена треба да изработи предлог решение за охридскиот регион

Од:

Владата вчера ја разгледа и усвои Информација за присуството на Реактивната Мониторинг Мисија на УНЕСКО и го задолжи претседателот на Националната комисија за УНЕСКО треба да формира работна група од претставници на Министерството за култура, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, Општина Охрид, Општина Струга, Општина Дебрца, Управата за заштита на културното наследство и Националната установа-Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид, во рок од 10 дена да изработи предлог решение за усогласување на режимите на заштита на Планот за управување со природното и културното наследство во охридскиот регион (2020-2029) и за истото да ја информира Владата на Република Северна Македонија.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, Министерството за транспорт и врски доби задолжение да формира работна група од претставници на Министерството за култура, Министерството за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, Општина Охрид, Општина Струга, Општина Дебрца, Управата за заштита на културното наследство и Националната установа-Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид, која во рок од 10 дена ќе изработи акциски план за постапување по Инвентарот за бесправно изградени објекти и спроведување за соодветните студии, и за истото да ја информира Владата на Република Северна Македонија.

Владата им препорача на Советот на Општина Охрид, Советот на Општина Струга и Советот на Општина Дебрца да ги продолжат одлуките за времен мораториум за градба во заштитената зона донесени во август 2019 година, се до усогласување на постоечките планови со режимите за заштита од Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029).

Како дел од заклучоците во однос на оваа точка, Канцеларијата на претседателот на Владата доби задолжение да формира работна група од претставници на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ, Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и Министерството за култура, која што во рок од 10 дена треба да изработи техничка спецификација за анализа на потенцијалната алтернативна железничка рута, предложена во Извештајот на Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО од 2017 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена