ВИДЕО: Џафери потврди повлечен е законот, ќе следи нова седница со нов текст за ЈО

Од:

Собранието само што почна да расправа, ја затвори седницата, откако претседателот на Собрабието Талат Џафери соопшти дека Владата ги повлекла законите за Јавно обвинителство и законот за совет за јавни обвинители.

Дописот до Собранието стигнал на неколку минути пред почетокот на седницата.

“Констатирам дека седницата тука се затвара, предлагачот ги повлече законите”,информираше Џафери.

Координаторот на опозициската пратеничка група Никола Мицевски претходно рече дека се прекршени процедурите и дека не можело да се повлекуваат закони кои не биле ставени на владина седница која се уште трае.

“Не држите тука цел ден, тотално ја игнорирате опозицијата, за да сега имаме допис кој не потпишан од Премиерот, и како овие закони се повлечени кога не биле на дневен ред на владината седница.

Зошто ние воопшто сме на ова седница и што треба да гласаме, по кој дневен ред. Ако носите закон со европско знаменце без опозицијата, без експерти, без согласност на пратеницит, е терор и пазар.

Нема да го дозволиме тоа. Бараме еден час пауза”, рече Мицевски.

Во салата стана тензично откако спикерот Џафери се обиде да им објасни зошто ја затвара седница.

Пратениците од опозицијата чукаа по масите и извикуваа пауза, пауза… Џафери ја прекина седница и закажа зa нова 135 седница за околу еден час на кој ќе бидат стaвени двата закони за јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште