Спасовски: Владата ќе направи се да го задржи Охрид на светската листа на „УНЕСКО“

Од:

Владата ќе направи се што може да го задржи Охрид и регионот на светската листата на заштитено културно и природно наследство на “УНЕСКО”, истакна денеска премиерот Оливер Спасовски на редовната владина седница во Охрид, како петта од серијата седници што се одржуваат во десет региони во земјата.

Спасовски, во таа насока денеска изврши и обиколка на активностите за ревитализација и санација на Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, проект за чија реализација беа издвоени 4,2 милиони евра.

На денешната владина седница, Спасовски истакна дека ќе бидат отворени сите теми од интерес на локалната заедница, не само на Охрид туку на регионот, ќе се разговара за се она што може да биде потпомогнато преку проекти.

Целта на оваа владина седница што се одржува во Охрид е да бидеме поблиску до граѓаните, да разговараме за нивните проблеми, за очекувањата, за проектите што се реализираат во рамки на локалната самоуправа и сите заеднички да придонесеме за подеднаков развој во различните региони во државата, истакна Спасовски пред почетокот на седницата.

Тој појасни дека од градоначалниците на Охрид, Струга, Дебрца, Ресен и Вевчани, кои се поканети на седницата, Владата ќе се информира за она што е најпотребно за граѓаните, а е во насока на стратегијата на владината политика за создавање еднакви услови за живот на граѓаните независно дали живеат во урбани или рурални средини.

Би можело да ве интересира

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

А1он

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Четворица лихвари од Охрид од жртва изнудиле 18 милиони денари

Горан Наумовски

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“