Кошаркарот на “Анадолу Ефес”, Шејн Ларкин ги демантира пишувањата во турските медиуми дека ќе смени име по добивањето на турско државјанство.
Еден од најдобрите плејмејкери на “Евролигата” ја прифати понудата за настап во репрезентацијата, а медиумите веднаш излегоа со информација дека ќе го промени и името во Дешејн Дејвис Каркин.
„Сите наводи во врска со менување на моето име се лажни.
Името со кое сум роден е името што ќе го задржам и како државјанин на Турција“, порача Ларкин преку “Твитер”.
All reports I am changing my name are false. The name I was born with is the name I will keep for my Turkish Citizenship. ????♂️??
— Shane Larkin (@ShaneLarkin_3) February 10, 2020
Се очекува Ларкин да дебитира за Турција на турнирот во Канада што ќе биде квалификациски за пласман на Летните олимписки игри во Токио.
Турците таму ќе играат со селекциите на Уругвај, на Чешка, Грција, Кина и Канада.