Заев-Папандреу: Посветени сме на реформите што се важни за ЕУ, но и за нашите граѓани

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со Јоргос Папандреу, претседател на Социјалистичката Интернационала и поранешен премиер на Република Грција.

На средбата беше разговарано за повеќе актуелни теми, спроведувањето на Договорот од Преспа, евроинтеграциите, како и за процесот на реформите.

– Договорот од Преспа го отвори вратите кон ЕУ и НАТО и затоа сме посветени на негово целосно спроведување. Граѓаните на двете земји за кратко време ги почувствуваа придобивките од Договорот. Трговската размена со Грција е порасната на 20 отсто, се случуваат повеќе инвестиции, се повеќе компании соработуваат меѓу себе. За нашата економија Договорот донесе бројни придобивки, имаме сериозен и постојан раст на БДП, отворивме 60.000 работни места, бележиме рекорден износ на странски директни инвестиции преку кои ја намаливме невработеноста на историски минимум, потенцираше Заев.

Осврнувајќи се на процесот на реформи, претседателот Заев истакна дека СДСМ преку инситуциите што ги предводи е силно мотивирана на реформите кои се важни за европската интеграција но и за самата држава и незините граѓани.

– Посветени сме на реализација на суштински реформи кои се во интерес на граѓаните. Последна потврда за тоа е договорот за Законот за јавно обвинителство. Законот е добар пример преку кој ќе покажеме дека имаме капацитет, дека сме подготвени да носиме битни одлуки. Законот за јавно обвинителство е потребен за да се расчистат целосно сите отворени предмети за сторен криминал и висока корупција, посочи Заев.

Претседателот на Социјалистичката интернационала, Папандреу му честиташе на претседателот Заев за постигнатите успеси на домашен и меѓународен план. Тој порача дека Социјалистичката интернационала останува доследен поддржувач на Северна Македонија во процесот на пристапување во ЕУ и изрази надеж дека новата методологија за проширување на Унијата ќе обезбеди државите кои се посветени на европката агенда, побрзо да се приклучат на Унијата.

Од страна на двајцата соговорници беше изразена подготвеност СДСМ како социјалдемократската партија, повторно да стане дел од Социјалистичка интернационала и дека следуваат интензивни комуникации за пристапувањето да се реализира што побрзо.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот