Ленс Армстронг ставен е на столб на срамот откако пред неколку месеци призна дека користел допинг, но сега го чека ново тешко обвинение, дека заработувал распространувајчи ги допинг средствата во Шпанија.
ABC објави дека шпанската полиција ќе покрене обвинение против него за дистрибуција на допинг средства во неколку шпански градови.
Наводно, Армстронг дистрибуирал нелегални стимулативни средства во Аликанте, Валенсија, Џирона и на Тенерифе, а доколку овие обвиненија бидат докажани, тогаш го очекува повеќегодишна затворска казна.