ВМРО-НП: Власта подготвува медиумска манипулација

Од:

ВМРО-НП предупредува дека власта подготвува сценарио во кое „наводно ќе преминуваат членови од кај Љубчо Георгиевски во ВМРО-ДПМНЕ“.

„Повеќе од очигледно е дека можното здружување на сите опозициски партии, внесе голем страв и оправдана паника во редовите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Ние од ВМРО Народна партија, имаме информации дека се подготвува една медиумска манипулација на народот, со подготвено сценарио во кое театрално ќе се враќале членови на ВМРО Народна партија во ДПМНЕ“, велат од ВМРО-НП.

Според партијата на Љубчо Георгиевски, „луѓето кои се подготвуваат за наводното преминување во ДПМНЕ се членови на владеачката партија и добро обучени артисти“.

„Книшките кои согласно сценариото ќе се фрлаат, се истите бланко книшки од партијата, што беа украдено при преминот на Додовски.

Потенцираме дека ќе следи префрлање на контингент партиски војници од ДПМНЕ во ДПМНЕ, со пополнети украдени бланко книшки од ВМРО Народна партија.

Им порачуваме на господата од ДПМНЕ дека не е коректно да ги малтертираат своите послушници и војници, не е фер за новинарите да ги влечкаат по сценирани прес конференции и е крајно дрско и безобразно да се прават обиди за манипулирање на и така веќе измачениот и изгладнет народ од нив.

Овие методи потсетуваат на еден режим кој си замина пред 21 година, и им порачуваме дека живееме во 21-виот век. Времето на тоталитаризмот помина“, пишува во соопштението од ВМРО-НП.

 

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

A1on

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

A1on

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

A1on

ВИДЕО: Колку пари трошат политичките партии на рекламирање на билборди

Ана Ололовска