СДСМ: „Сведоштвото“ на Вељаноски е обид за влијание врз комисијата за „црниот понеделник“

Од:

Најголемата опозициска партија денеска реагираше на, како што се вели, „сведоштвото“ на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, објавено во весникот „Дневник“.

„Денешното таканаречено “сведоштво“ на Трајко Вељаноски е проsирен обид директно да се влијае врз работата на ад-хок комисијата која треба да ги истражи настаните пред и за време на “црниот понеделник“. Оние кои силно го подржуваа предлогот на меѓународната заедница за формирање на оваа комисија, сега по секоја цена се обидуваат да го пресретнат неминовниот заклучок за тоа што и беше направено на македонската демократија на 24 декември 2012 година.

Доколку ВМРО ДПМНЕ навистина верува во тоа што го тврди тогаш немаше во комисијата за членови да предлага пратеници кои по автоматизам имаат конфликт на интереси затоа што беа директни учесници во партиско-полицискиот пуч.

Трајко Вељаноски секогаш во својата кариера бил обичен извршител на наредбите од неговите шефови. Има путер на главата уште од локалните избори во Охрид во 2000 година, кога каубојски беа издавани лични карти за гласање.

И пред и за време на “црниот понеделник“, Трајко Вељаноски беше обичен извршител, кого неговите шефови беа подготвени уште на прва да го принесат како политичка жртва за да се спречи продлабочување на кризата. Се плашеше и од сопствената сенка се додека Јавното Обвинителство срамно не ја отфрли кривичната пријава на опозициските пратеници против него.

Кога веќе сака да глуми наивност и искреност тогаш јавно го прашуваме Трајко Вељаноски, за почеток две лесни прашања:

На кого, на една од маратонските координации му го кажа следното:“Знам дека со тоа што ќе го направам ќе го скршам уставот и деловникот, но морам затоа што Никола ми нареди. Буџетот мора да се донесе. Јас знам дека политички ќе искрварам, ама ќе искрварите и вие“?

И колку пати тој лично по рака го удри потпретседателот на Собранието, Јани Макрадули?
Јавноста го очекува одговорот на овие две прашања во некое од следните наместени сведоштва во “Дневник“. А има уште многу што ќе треба да одговори Трајко Вељаноски и неговите наредбодавци“, гласи реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Илиевски: Коридорите на „Бехтел и Енка“ станаа историски значајни, а Мицкоски и Николоски историски лажговци

А1он

СДСМ: Дурмиши не бил во маркет, граѓаните „заштедиле“ 57 денари за еден месец

СДСМ најавува иницијатива: Премиер, министри, пратеници да бидат само со македонско државјанство

СДСМ: Фијаско на замрзнатите маржи – Владата без решение за високите цени

Мицкоски: Власта на СДСМ и ДУИ лично мене и ВМРО-ДПМНЕ не следеле со дронови

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се редат пријави за лажни ТОЕФЛ сертификати како тој на Христовски, Обвинителство мора да реагира