Француски војници убија вчера и денеска повеќе од 30 милитанти во Мали кои биле поврзани со “ИД” и со “Ал Каеда”, соопштија француските оружени сили.
Франција има околу 4.500 војници распоредени во регионот, како дел од антитерористичката единица, “Операсион Баркан”.
More than 30 Islamist militants in Mali killed by French soldiers, says army https://t.co/JkwgVdcKIC pic.twitter.com/io0sM1c5di
— 247News.Africa (@247newsafrica) February 7, 2020
ОН во Мали имаат мировна мисија од околу 13.000 припадници.
Во регионот Гурма во Мали, француски војници убиле околу 20 исламски милитанти и уништиле неколку нивни возила, додека во регионот Липтако, што е упориште на ИД загинаа уште 10 исламистички востаници.
Во операциите биле вклучени дронови, борбени авиони и хеликоптери, соопшти француската војска.
Француските сили убија 33 исламистички припадници во Мали во декември, недалеку од границата со Мавританија, каде што се активни активни групи поврзани со “Ал Каеда”.
Франција неодамна објави дека ќе испрати уште 600 војници во регионот Сахел.