Велика Британија викендов ќе ја погоди најсилното невреме од 2013 година, наречено „Кијара“, а британската метеоролошка служба издаде предупредување дека невремето може да биде „опасно по живот“.
Here's the latest on #StormCiara with meteorologist, Aidan McGivern ???
Stay #WeatherAware ⚠️https://t.co/IUFZ7ElxBF pic.twitter.com/PMDVTuTr7x
— Met Office (@metoffice) February 7, 2020
Според „Индепендент“, се очекува невремето низ целата земја да донесе силен ветер од 80 до 96 километри на час.
Во некои делови се очекува да достигне и максимум од 128 километри на час, поради што постои ризик од повреда од предмети што ги носи ветерот.
Бурата, исто така, може да предизвика оштетувања на зградите и а ќе има и големи бранови на брегот.
Обилните врнежи од дожд, исто така, се очекува да предизвикаат поплави во северните делови на Англија и Велс.
#StormCiara isn't going to be your average winter storm:
– widespread gusts, 60-70mph through much of Sunday daytime.
? 80mph+ likely on some hills/coasts/exposed areas
? Very big waves, poss flooding
⚠️ Damage & disruption likely
Warnings info https://t.co/SM7WZGmuKh pic.twitter.com/HX21231irD— BBC Weather (@bbcweather) February 7, 2020
Метеоролошката служба издаде низа предупредувања, ефективни од сабота навечер до вторник попладне, за да обезбеди јавноста да биде подготвена за нарушувања во сообраќајот и другите услуги.