Спасовски: Одлуката на “Европските зелени” да го одржат годишното собрание во нашата земја е признание за нашите политики за животната средина

Од:

Премиерот Спасовски денеска ја прими генералната секретарка на “Европската зелена партија” Мар Гарсија Санс, која на средбата ја придружуваше Маја Морачанин, претседателка на партијата “Демократска обнова на Македонија” (ДОМ).

Премиерот Спасовски на средбата изрази благодарност за одлуката на “Европската зелена партија” (ЕЗП), која ги обединува зелените партиите од земјите членки на ЕУ и од другите европски земји, своето годишно генерално собрание да го одржат во јуни оваа година во нашата земја.

Спасовски на средбата истакна дека на оваа одлука на “ЕЗП” гледа како на признание за Северна Македонија за нејзините политики посветени на заштитата на животната средина и на еколошките програми кои во прв план ги ставаат здравата околина и здравјето на граѓаните.

Во таа насока, премиерот Спасовски потенцираше дека Северна Македонија нема друга алтернатива за членството во Европската Унија и дека таа определба оди во насока и на прифаќање на вредностите на зелената транзиција на Европа како вредности од еднакво значење и за нашата земја.

.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

(ВИДЕО) СДСМ бара вонредна координативна седница во Собранието за справување со пожарите

Спасовски до Кочовска: Дали има одлука за исплата на средства за семејствата на загинатите и повредените во Кочани?

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид