Средба на претседателот Пендаровски со Стојковска, основач и програмски координатор за зачувување на Охридскиот регион

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, ја прими Искра Стојковска, основач и програмски координатор за зачувување на Охридскиот регион од еколошкото здружение на граѓани Фронт 21/42.

Пендаровски на средбата бил информиран за мисијата и досегашните активности на здружението во насока на зачувување на исклучителните универзални вредности на Охридскиот регион, односно спроведувањето на еколошката легислатива и унапредувањето на еколошката демократија, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.

Тој оценил дека односот кон животната средина во Северна Македонија веќе со децении бележи негативен тренд, нагласувајќи дека тоа е прашање што во никој случај не смее да им се препушти на идните генерации, туку да се дејствува веднаш, со одлучни и конкретни мерки.

Во таа насока претседателот Пендаровски ги охрабрил двете страни да соработуваат поинтензивно, бидејќи нивен заеднички интерес е заштита на културно богатство на Охрид и на Охридскиот регион.

Истовремено, тој го реафирмирал својот став дека сите треба да работиме за зачувување на Охрид како град на УНЕСКО. Тоа, како што нагласил претседателот Пендаровски, е предизвик што наложува континуиран, системски и бескомпромисен ангажман во кој не смее да има никакви калкулации.

На средбата присуствувал и претставник на Владата на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат