Сингапур денеска прогласи повисок степен на тревога во врска со коронавирусот од Кина, пренесоа британските медиуми.
Сингапурските власти ова решение го донесоа откако беа регистрирани три нови случаи на заразното заболување во градот-држава. Засега не е утврдено дека болните патувале до Кина или имале контакти со заразени луѓе.
Вкупниот број на потврдени случаи на заболени во Сингапур во моментов изнесува 33.
Во предупредувањето се забележува дека заболувањето е сериозно и вирусот, што го предизвикува лесно се пренесува од човек на човек.