Спасовски: Закон за јавно обвинителство може да се донесе до распуштањето на Собранието

Од:

Се уште сум оптимист дека ќе преовлада разумот кај политичките субјекти и кај пратенците и сметам дека има простор да се изнајде решение и актуелниот парламентарен состав да го донесе законот за јавно обвинителство, посочи денеска премиерот Оливер Спасовски.

-Ако можеше овој парламентарен соствав да направи низа чекори и да влече многу храбри потези кои значеа гарантирање на остварувањето на националните заложби, тогаш не гледам причина зошто да не може да се издигне на нивото на задачата и да биде изгласан закон за јавно обвинителство и со тоа да дадеме уште еден позитивен аргумент пред Европскиот совет зошто треба да ги започнат преговорите за членство. Многу е важно да покажеме минимален национален консензус, а тоа значи минимум одговорност пред граѓаните затоа што се наоѓаме во фаза на остварување на нашите национални интереси – членството во НАТО и почетокот на преговори со Европската Унија. Би било крајно неодговорно пред граѓаните од кого било да наоѓа изговори кои се поткрепа на лични, партиски и бизнис интереси визави интересите на граѓаните, рече Спасовски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека граѓаните ја платиле најголемата цена во битката за остварување на нашите национални интереси од осамостојувањето на државата до денеска зашто, како што посочи, постојано сме во некакви реформи и транзиции за да се оставарт членството во НАТО и ЕУ.

-Во моментите кога сонот треба да стане реалност и кога овие генерации ќе го живеат треба да имаме преголема одговорност, а не само задоволство. Секојдневно разговараме со министрите и пратенциите за изнаоѓање решение за овој проблем. Кога ќе проценам ќе свикам седница на Влада за да го поминеме законот и да го доставиме до Собранието. Тоа може да се случи во секој момент во денот и ноќта се до распуштањето на Собранието, потенцира Спасовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски