Амбасадата на САД изразува жалење за смртта на сосптвеникот на „Фокус“ и новинарот Никола Младенов.
„Со жалење ја примивме веста за смртта на Никола Младенов во сообраќајната несреќа вчера. Го упатуваме нашето најдлабоко сочуство до семејството и многуте негови пријатели во Македонија.
Ироничните, духовитите и понекогаш саркастични опсервации на Никола, беа важен дел на неговата искрена проверка на општеството, што е толку важно за постоење на еден отворен и динамичен јавен дијалог. Тој глас многу ќе недостасува“, се вели во соопштението на амбасадата на САД.