Градоначалникот на Општина Бутел денеска ја посети населбата Визбегово, каде деновиве отпочна со изградба на фекална канализација од улица 3 до новопроектираното училиште во населбата Визбегово.
После завршувањето на проектот со изградба на фекалната канализација, општината отпочнува со изградба на водоводната мрежa за истата локација.
Општина Бутел оваа недела отпочна уште еден многу важен проект со поддршка на Владата.
Имено, се отпочна со изградба на канализациска мрежа во должина од 5,2 км на 2 крака во индустрискиот дел на населбата Визбегово.
Во индустриската зона Визбегово работат околу 200 компании, и има интерес за изградба на капацитети и од други стопанственици поради што се работи на целосно подобрување на инфраструктурата и на деталниот план во општината,стои во соопштението на општина Бутел.