Османи и Димитров: Хрватското претседателство со ЕУ може да биде историско за регионот

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска во хрватското собрание се сретнаа со претседателот на Комисијата за надворешна политика Мире Коваќ и претседателот на Комисијата за европски прашања Домагој Иван Милошевиќ, јави дописникот на МИА.

На средбата се разменија мислење во однос на новата методологија за проширувањето на ЕУ и улогата која Хрватска како актуелен претседавач со ЕУ ја има во однос на процесот за отворање на преговори со Северна Македонија.

-Верувам дека претставува чест, но и вистински успех да се види Хрватска на чело на Унијата. Сметам дека со новата предлог методологија навистина се отвораат потенцијалите за европските интеграции на претстојните самити на ЕУ, со што Претседателството на Хрватска со ЕУ навистина добива шанса да биде историско за целиот регион, особено за Република Северна Македонија, истакна Османи.

Министерот Димитров, пак, смета дека улогата на Хрватска и поддршката која официјален Загреб ја дава за евроинтеграцијата на земјава е повеќе од важна.

– Веруваме дека обновениот пристап може да резултира со двојна победа, односно отварање на преговорите заедно со усовршен пристапен процес. Нашите граѓани не се плашат од поголема строгост или враќање во поправна клупа доколку постои назадување. Напротив, така сметаат дека подобро ќе ги држат политичарите за збор. Повеќе бенефиции за реформаторите и повеќе санкции за тие кои одат назад врз основа на кредибилна објективна оценка за напредокот е чекор кој одамна го посакуваме, потенцираше Димитров за време на средбата.

Во рамките на посетата на Загреб, Османи и Димитров попладнево ќе се сретнат и со премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, како и со министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито