Груби во aмериканскиот Конгрес се сретна со конгресменот Елиот Енџел

Од:

За време на неговата посета на Вашингтон, пратеникот Артан Груби, претседател на собраниската Комисија за европски прашања и претседател на парламентарното пријателство со Соединетите Американски Држави, како и Организационен секретар на Демократската Унија за Интеграција, оствари работна средба во Американскиот Конгрес со конгресменот Елиот Енџел, Претседател на Комисијата за надворешна политика на Конгресот.

Соговорниците Енџел и Груби разговараа за политичките случувања во Северна Македонија и регионот на Југоисточна Европа, како и за билатералните односи помеѓу Скопје и Вашингтон.

Груби истакна високо почитување за големото пријателство на Конгресменот Енџел со сите земји во регионот и неговиот извонреден придонес за Западен Балкан.

Груби истакна дека нашиот успехот е заеднички и дека Енџел и САД имаат посебен придонес за нашите достигнувања.

И пред Конгресот, пред раководството на Комисијата за надворешна политика Груби истакна дека ДУИ гарантира неповратност на Охридскиот договор, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство.

Енџел ја повтори Американската поддршка за Северна Македонија и членството на земјата во НАТО како и започнување на преговорите за членство во ЕУ, како и за севкупните реформи во земјата, заедно со континуираните напори за борба против корупцијата.

Груби и Енџел истотака зборуваа и за дијалогот Косово-Србија, истакнувајќи ја потребата за затворање на спорот со согласност на двете страни за доброто на регионот. Енџел исто така изрази разочарување од неуспехот на ЕУ да ги либерализира визите и слободното движење за косовските граѓани.

Претходно, Груби го посети Атланскиот Совет каде учествуваше на форум организиран од американскиот генерал Џејмс Џонс, поранешен Советник за национална безбедност на претседателот Обама и Врховен началник на силите на НАТО, за иницијативата „3 мориња“ на сојузот на земјите од Балтикот, Централна и Југоисточна Европа.

Денес Груби ќе присуствува на Традиционалниот појадок, со учество и на Претседателот на САД, Доналд Трамп и лидерите на многу други земји.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ