Дерковски: ДИК не е надлежен да ги прекројува границите на изборните едници

Од:

Државната изборна комисија по добивањето на последното законско ажурирање на Избирачкиот список од 1 декември 2019 година до министерката за правда Рената Дескоска и до претседателот на Собранието Талат Џафери испратила известувања во кои ги информира дека избирачите во втората и во шестата Изборна единица го надминуваат дозволениот лимит од пет проценти, а дека бројот на гласачите во третата и четвртата Изборна единица е под законски дозволениот лимит. Членовите на ДИК се децидни дека тие се должни да ги известат законодавците, но не и да вршат прекројување на изборните единици.

Во изјава за МИА претседателот на ДИК Оливер Дерковски вели дека Изборниот законик во членот 175 ги утврдува границите на изборните единици и опфатот на местата и општините и според тоа се знае во каква постапка и кој е овластен во државата да предлага измени на закони.

-Тоа е Владата како овластен предлагач, пратеници или пратенички групи во Собранието. ДИК во оваа ситуација нема никаква надлежност. Комисијата по добивање на состојбата секој месец има обврска да ги известува надлежните за состојбата во Избирачкиот список, односно за она што е плус/минус 5 проценти надминување или ненадминување и тоа ДИК го прави. Друго не може ништо да направи, рече Дерковски.

Последната состојба од декември лани укажува на тоа дека треба да се направат промени во четири изборни единици освен во првата и петтата. Според последното известување на ДИК, надминувањето во шестата Изборна единица е 8,60 проценти, а во двојката 5,74 проценти. Додека помал број избирачи има во четвртата Изборна единица и тоа 6,36 проценти и во третата Изборна единица за 7,64 проценти.

Претседателот на ДИК вели дека и досега се одржувале избори без да се интервенира во овој дел и смета дека нема никаква пречка и сега со вакви изборни единици да се одржат предвремените парламентарни избори, но сепак укажува на тоа дека дали ќе може или не да се одржат изборите со вакви изборни единици зависи од овластените предлагачи.

Во ДИК немаат информација кога и дали измените на Изборниот законик за што беше формирана работната група во Министерството за правда ќе бидат испратени до Собранието за тие да бидат донесени пред неговото распуштање следната недела и да важат за предвремените парламентарни избори.

Уште едни измени на Изборниот законик кои се однесуваат на промена на изборниот модел и за 50 отсто жени во листите за пратеници се заглавени во Собранието со многубројни амандмани. Неизвесно е дали воопшто до распуштањето на Парламентот ќе бидат донесени измени на Изборниот законик најважен акт за спроведување на избори.

Би можело да ве интересира

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино